Вести Економија Свет

Како се урна интернетот- Coludflare со објаснување и извинување, не е хакерски напад туку скок на сообраќајот

Компанијата Cloudflare денес официјално потврди дека големиот прекин кој урна илјадници веб-страници и апликации и оневозможи нивно користење од корисниците ширум светот, бил предизвикан од ненадеен и необјаснив скок на интернет-сообраќајот преку нивната инфраструктура.

Според нивното првично објаснување, во краток временски интервал е забележан огромен прилив на барања кон еден од клучните системи, што предизвикало преоптоварување на серверите и „реакција во синџир“ низ повеќе центри на податоци. Од компанијата известија дека нема индикации за хакерски напад, туку станува збор за внатрешна аномалија во распределба на мрежниот сообраќај.

Cloudflare соопшти дека „значајниот прекин“ се случил откако конфигурацискиот фајл дизајниран да се справи со закани во интернет сообраќајот не функционирал според предвиденото и „предизвикал пад“ во неговиот софтвер што управува со сообраќајот за повеќе услуги на cloudflare.

Инцидентот беше регистриран околу 12:30 часот по Средноевропско време (временска зона во која се наоѓа и Македонија) и предизвика глобален застој во интернет сообраќајот при што платформи и апликации како ChatGPT, X (Twitter), Spotify, Discord, Canva и стотици други, со часови беа недостапни или при отварање покажуваа пораки за грешка. Корисницитее низ светот пристапат нити до сопствени веб страни, а имаше застој и проблеми и во користење на корпоративни информатички системи кои што зависат од Cloudflare.Проблемот беше регистриран и од корисниците во Македонија.

Откако инжинерите на Cloudflare ја стабилизираа мрежата и ги вратија услугите, компанијата продолжи со детална техничка анализа за да открие што точно го предизвикало скокот на сообраќајот и како може да се спречи повторно таков глобален информатички инцидент. Од Cloudflare најавија целосен извештај и уверуваат дека ниеден кориснички податок не бил компромитиран.

-Се извинуваме на нашите корисници и на Интернетот воопшто поради тоа што го дозволивме падот денеска. Знаејќи го значењето на Cloudflare услугите, било каков прекин е неприфатлив, порачаа од компанијата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе