Вести Македонија

Тутунарите задоволни од проценката, но бараат повисока цена – почна откупот на тутунот во Прилеп

Прилепскиот тутунски комбинат денеска почна со откуп на тутунот со што и официјално започна откупната кампања на годинашнава реколта. Се презедоа првите количества. Тутунарите се задоволни од процената, но за исплатливост бараат цената на првата класа да биде 600 денари за килограм.

„Годинава произведов околу еден тон и 400 килограми тутун. Тутунот е квалитетен, исушен е навреме и собран, наводнуван беше со систем капка по капка. Добро оди проценката, но што се однесува до цените, реално треба да се зголемат,зашто се големи и трошоците. Првата класа треба да биде 600 денари за килограм. Тутун ќе садам и понатаму, тоа е егзистенција за моето семејство“, вели Благој Мицевски, тутунопроизводител од Прилеп.

Прилепскиот комбинат има отворено 34 откупни пунктови во земјава со 37 ваги. Задоволни се од текот на откупот и очекуваат наредните денови да се интензивира.

„Денешната динамика е како за прв ден, во помали размери, а очекуваме деновиве откупот да се интензивира. Ќе исплаќаме двапати неделно, во вторник и во петок. Имаме цени највисоки од сите откупувачи,420 денари е за прва, 360 за втора и 300 денари за трета класа тутун. Доколку откупувачите итутунарите се договорат за повисока цена, ние тоа може да го исплатиме и дури и ретроактивно за откупените количества тутун“, изјави Александар Алексоски, директор на Тутунски комбинат-Прилеп.

Од Сојузот на земјоделските здруженија се задоволни од почетниот тек на откупот и велат не се откажуваат од барањето за повисока цена. Будно ќе се следи да се почитуваат законските измени со кои е забранет увоз на ароматичен тутун додека трае откупот на домашниот род.

„Откупот почна во ред, без проблеми. Очекуваме до крајот на неделава или до понеделник сите 10 откупувачи да го започнат откупот. Иако трае откупната кампања ние не се откажуваме од барањето зазголемување на цената на тутунот“, рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Годинашнава реколта тутун се проценува како квалитетна и се смета дека е од 22.000 до 24.000 тони. Откупот на тутунот трае до крајот на февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе