Вести Свет

„Базен на таленти“ – ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање на работници од трети земји

Претставници на Данското претседателство со Советот на Европската Унија (ЕУ) и на Европскиот парламент постигнаа договор за создавање на онлајн платформа наречена „ЕУ Базен на таленти“, која ќе има за цел да го олесни регрутирањето на работници од земји што не се членки на Унијата за вработување во секторите во блокот во кои има недостиг на работна сила.

Онлајн платформата, во која учеството на земјите членки ќе биде на доброволна основа, ќе ги поврзува компаниите основани во ЕУ што се имаат слободни работни места со профилите на лицата од трети земји кои бараат работа и живеат надвор од Унијата.

Целта на „Базенот на таленти“ е да го направи пазарот на трудот на ЕУ поконкурентен и да се справи со недостигот на работна сила. Платформата ќе обезбеди сеопфатни и соодветни информации за барателите на работа од трети земји за нивните права и работните услови во ЕУ.

Лицата од трети земји кои бараат работа ќе можат да креираат свои профили на платформата во кои ќе наведат информации за нивните вештини, квалификации, работно искуство и јазични вештини.

Оние странски државјани кои ќе добијат работа во ЕУ преку оваа платформа ќе мора да ги минат постојните националните процедури на земјите членки за аплицирање за дозволи за престој и работа.

За да се спречи злоупотреба и можна експлоатација на работниците од трети земји, платформата ќе нуди целосна транспарентност во однос на работодавачите и нивното досегашно почитување на релевантното законодавство на ЕУ.

Договорената регулативата за формирање на платформата „ЕУ Базен на таленти“ сега треба да биде и официјално одобрена од страна на земјите членки во Советот на ЕУ и од Европскиот парламент, по што таа ќе стапи во сила.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе