Вести Економија Најважни

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Денеска треба да почне расправата на Собраниската Комисија за финансирање и буџет за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани.

Пратениците од владејачкото мнозинство вчера изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите.

Со реализација на предложениот буџет, според нив, ќе се реализираат потреби и барања на граѓаните бидејќи се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, нови училишта, градинки, развивање на инфраструктурата, дигитализацијата, капиталните инвестиции.

Наспроти нив, опозициските пратеници сметаат дека предложениот буџет е нереален, неразвоен и социјален и нема да го подобри стандардот на граѓаните и услугите од државата. Критикуваа и дека ќе се зголеми јавниот долг и оти се намалени капиталните инвестиции.

Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, вкупните расходи на износ од 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Вербална нота до Софија за протекувањето на нотата за патувањето на сопругата и синот на Мицкоски

Дејан Дејан

(видео)„Селективно постапување на првиот човек на МВР и непрофесионално работење“ – Интерпелацијата за министерот Тошковски пред пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе