Вести Економија

Нови малопродажни цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23% во однос на одлуката од 11.11.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 35,621 ден/кг.

Во прилог Ви ги доставуваме новите малопродажни цени на нафтени деривати кои ќе се применуваат од 18.11.2025 година

Стари цени Нови цени  
  Од 11.11.2025 Од 18.11.2025  
       
Дериват ден/лит ден/лит  
       
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 74,50 75,50  
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 76,50 77,50  
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 72,00 72,50  
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 69,50 69,50  
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 73,00 73,50  
       
МЕТАН 57,00 ден/кг 57,00 ден/кг  
АВТОПЛИН 44,50 ден/кг 44,50 ден/кг  
МАЗУТ 36,427 ден/кг 35,621 ден/кг  
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Поддржувам анкетна расправа за Кочани, но ќе зборуваме и за сите останати големи трагедии што нѝ се случија

Дејан Дејан

Мицкоски: Политичари и партии се обидуваат да градат политичка кариера на случајот во Кочани

Дејан Дејан

Регулацијата на авторските права во Македонија неколку години тапка во место и покрај тоа што постои закон алармираат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе