Вести Култура Македонија

Во време на глобализација потребно е ребрендирање на политиката, културата и идентитетот

Политиката, културата и идентитетот ја формираат колективната меморија на една нација. Но, во време на глобализација на овие теми не треба да се гледа низ призма на минатото, туку од една нова перспектива што подразбира нивно ребрендирање, антрополошко или етичко. Ова го кажа професор- д-р Ангелина Бановиќ- Марковска, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и една од коавторите на книгата „ И повторно политика, култура, идентитет“, со поднаслов „ Интеркултурен дијалог“ , која што денеска беше промовираната.

-Веќе во ова време на глобализација ниту една култура, нација, држава, не си е доволна самата на себеси. Секогаш ни е потребен погледот на другиот, но од една нова перспектива . Веќе можеби не геополитичка , туку антрополошка или етичка. Со која може да се ребрендираат овие крупни теми и концепти, политиката, културата и идентитетот, вели Ангелина Бановиќ- Марковска, коавтор на книгата.

Вториот коавтор на книгата е македонистот и поранешен амбасадор на Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ. Тој акцентот го става на политичко -етичкиот пристап.

-Јас се занимавав со проблемот на границите, што е една уште како важна тема, се занимавав со темата на малите нации каква што е македонската. Па и хрватската, што исто така се плаши од малите броеви. Се повеќе се намалуваме, можеме да исчезнеме, соседите не ни се баш многу наклонети. А, потоа ги земав и оние теми кои што се однесуваат и на Хрватска. Тоа е тоа наше соочување со минатото кое не оди така едноставно, вели Златко Крамариќ- коавтор на книгата.

Оваа книга е продолжение на „ Политика, култура, идентитет“, издание кое Бановиќ- Марковска и Крамариќ го објавија пред 12 години. Книгата е двојазична, напишана на македонски и хрватски јазик, а за нашиот пазар ја објави издавачот „ Ми- Ан“.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе