Покрај Балансерот, и законот за употреба на јазиците беше еденод предметите кој беше политички експлоатиран, политизиран, етнизиран и злоупотребуван за политички цели, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Ние ниту даваме, ниту одземаме права. Ако ние утврдивме неуставност на некои одредби во тој закон, ние само можеме да му помогнеме на законодавецот да донесе подобар закон“, рече Костадиновски.
Тој предмет, додаде Костадиновски, го следеше и малку лоша судбина.
„Првата подготвителна седница беше одложена поради настанот во Кочани. Требаше да се одржи само два дена по таа трагедија. Втората подготвителна седница беше одложена поради одлуката на Управниот суд. Судијата известител беше тангирана со таа одлука. Во тој случај, според нашиот акт, предметот го зема друг судија известител кој има рок од шест месеци да го проучи предметот, бидејќи не мора да се согласи со правните стојалишта на претходниот судија известител. Тие шест месеци истекуваат овој месец. До крајот на месецот, на работен состанок на судот, ќе побарам од судијата известител дали е готов со предметот, ќе побарам дали остануваме на заклучокот да одиме на подготвителна седница. Што значи дека тој предмет ќе биде изнесен или на подготвителна или директно на седница за одлучување најдоцна до февруари месец“, изјави Костадиновски.
За законот за јазици, претседателот на Уставниот суд рече дека има 13 иницијативи од различни аспектина оспорување.
С.Д.
