Марина Иванова е годинашна добитничка на престижната награда „Вавилон“ за најдобар млад преведувач, која ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија. Со ова признание, Иванова се истакна како едно од најперспективните имиња во полето на литературното преведување.
Таа ја доби наградата за својот превод на извадок од романот „Земјата на живите и мртвите“ од ирската писателка Шона Лолес, покажувајќи високо ниво на јазична прецизност и стилска чувствителност. Според жири-комисијата, нејзиниот превод се издвојувал по оригиналност и доследност на авторскиот тон.
На годинашниот конкурс за наградата „Вавилон“ биле пристигнати 19 преводи од англиски, германски, шпански и словенечки јазик, што уште еднаш ја потврдува растечката заинтересираност и квалитетот на младите преведувачи во земјата.
