Вести Култура

Роксан Стојанов: Младите балетски уметници да веруваат во себе

„Тоа е начин да ѝ се заблагодарам на земјата каде ги направив првите чекори во танцот. Со оваа награда сакав да дадам вистинска можност на младите балерини и балетани да веруваат во себе, да ги следат своите соништа и да откријат колку далеку може да се однесе страста“. Со овие зборови Роксан Стојанов, која е воедно и прва балерина од француско-македонско потекло која се стекнува со престижното признание – Ѕвезда на Париската опера во видео обраќање ја сподели својата радост и благодарност за востановената националната награда во Македонија која го носи нејзиното име.

„На мојот пат имаше многу луѓе кои придонесоа за она што сум денес, сега е рад јас да придонесам да отворам нови врати и да бидам поддршка за новата генерација балетски таленти“, рече Стојанов.

Фактот дека Роксан Стојанов во својата професија е своевиден мост меѓу две земји, две култури правејќи ги првите чекори на скопската танцова сцена за денес да биде дел од светската сцена сметавме дека тој професионален тек е исклучителен, забележа амбасадорот Ле Риголер.

„И еве бидејќи Роксан Стојанов не е присутна и нема да може да црвенее од срам за зборовите кои што ќе ги кажам за неа, од човечка гледна точка навистина ги поседува тие квалитети да го пренесе своето знаење. Сите заедно се договоривме да ја воспоставиме оваа награда „Роксан Стојанов“. И нели поаѓајќи од нејзиниот пат посакавме на македонските млади уметници и тие да се воздигнат во својата кариера и да им се отворат нови патишта“, изјави Кристоф ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија.

Во април 2025 година, Роксан Стојанов ја прими наградата „Менада“ за извонредни достигнувања во областа на танцот во рамки на „Танц фест“ во Скопје. Воспоставувањето на оваа француско- македонска награда е на иницијатива на Роксан Стојанов, целата органиција и реализација е на културниот центар „Интерарт“ со поддршка на Францускиот институт во Скопје и Француската амбасада во Скопје. Во почесниот одбор се врвните институции за танц и изведбени уметности.

„Мислам дека тоа е една исклучителна можност за младите уметници, за младите балетски уметници, бидејќи за првпат во историјата ним ќе им се отвори вратата во Париската опера, преку дружбата на тој што ќе победи нормално, ќе може да присуствува во Париз и ќе може да го види бедемот на балетската уметност“, изјава Рисима Рисимкин, основач на „Танц фест“ и уметнички директор на наградата „Роксан Стојанов

На натпреварот ќе може да учествуваат млади балетски уметници меѓу 16 и 20 години, кои ќе може да достават свои кандидатури во текот на оваа есен и ќе бидат селектирани според прецизни уметнички и технички критериуми.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе