Uncategorized

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 проценти во септември годинава во однос на септември минатата година, а за 3,7 проценти во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во септември 2025 во однос на септември 2024 има намалување од 2,9 проценти на работниците во секторот Преработувачка индустрија, од 2 проценти во Рударство и вадење на камен и од 0,6 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8  проценти, Капитални производи за  6.4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 проценти, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 4.8 проценти и Интермедијарни  производи, освен енергија за 0.2  проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србите на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале собири за поддршка на Вучиќ

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

ЈАС СУМ ГНЕВ -недела, 07 јуни 2026 – 00:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе