Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Информација од ова утро 2.11.2025
Минимална температура (во °C)
-1 Берово, 2 Струмица, 3 Тетово, Демир Капија, 4 Скопје–Петровец, Крива Паланка, Битола, Гевгелија, 5 Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Маврови Анови, Лазарополе, 6 Скопје–Зајчев Рид, Куманово, 7 Охрид, Претор, Попова Шапка, 8 Виница, Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
