Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Информација од ова утро 30.10.2025
Минимална температура (во °C)
-2 Берово, -1 Струмица, 0 Битола, Тетово, Демир Капија, 1 Скопје–Петровец, Крива Паланка, 2 Лазарополе, Прилеп, Куманово, Велес, Гевгелија, 3 Штип, Кавадарци, Скопје–Зајчев Рид, Претор, 4 Маврови Анови, Попова Шапка, Охрид, 5 Виница, 6 Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
