Вести Култура

Будимпешта, Прага и Виена – Националниот џез оркестар ќе ја заврши годината со европска турнеја и три концерти во Скопје

Националниот џез оркестар денеска на прес-конференција ги соопшти активностите до крајот на 2025 година меѓу кои е претстојниот заеднички концерт со американскиот состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets) во НОБ и европска турнеја во Будимпешта, Прага и Виена во средината на идниот месец, како и два концерта во декември.

На 6 ноември во Националната опера и балет НЏО ќе настапи заедно со легендарниот американски состав „Јелоуџекетс“- пионери на џез-фјужи жанрот и меѓу највлијателните ансамбли во современиот џез. Концертот ќе го води Боб Минцер, еден од најистакнатите современи џез музичари и долгогодишен член на Yellowjackets.

Директорот на НЏО Гоце Стевковски рече дека концертот ќе биде исклучителен музички настан зашто ја претставува соработката меѓу македонската и американската џез сцена.

  • Концертот ќе понуди спој на енергија, импровизација и уметничка зрелост, карактеристични за двата ансамбла. Ќе биде вечер посветена на вистинскиот дух на џезот отвореност, комуникација и инспирација, изјави Стевковски.

Европската турнеја на Националниот џез оркестар во Будимпешта (12 ноември), Прага (14 ноември) и Виена (17 ноември) ќе биде насловена „Македонски сновиденија” (Macedonian Dreams). Како што рече, ќе биде енергична фузија на фолклорни мотиви и современ џез. и македонската културна и музичка традиција ќе се претстави во современ џез контекст, создавајќи мост меѓу фолклорот и модерниот музички израз.

  • Концертната програма опфаќа композиции кои ја обединуваат традицијата и современиот музички израз, прераскажувајќи ги длабоките културни корени на македонскиот фолклор низ јазикот на џезот. Проектот претставува ново поглавје во работата на Националниот џез оркестар – првпат од неговото формирање оркестарот подготвува нови обработки на македонски народни песни, како и оригинални композиции инспирирани од македонскиот фолклор, рече Стевковски за концертите од европската турнеја за кои диригент и аранжер е Владимир Николов.

Покрај концертната изведба, во рамки на овој проект е планирано и снимање и издавање на материјалот, архивирање на новите аранжмани.

НЏО ќе ја заврши годината со концерти во Скопје – на 8 декември е „Rock and Roll in Jazz“  – концерт заедно со Влатко Стефановски, Дарко Рундек и Рамбо Амадеус, а на 14 декември Националниот џез оркестар ќе има Новогодишен детски концерт во соработка со „Светот на Биби“.

По етаблирањето во институција која привлекува и бројна публика, директорот на НЏО Стевковски на прес-конференцијата кажа дека „од година во година е подобро“ иако, рече, некои работи не се сменети и за термините и просторите за проби сè уште зависат од други институци и се приспособуваат на нивните распореди. Се заблагодари за поддршката од Министерството за култура, како и на НОБ затоа што таму се добро примени, но и дека се „нормализираат недоразбирањата со останатите колеги“, па дел од декемвриските концерти ќе ги одржат во Филхармонијата.

  • Иако е сè уште млада институцијата, засега се оди супер и се обидуваме на секоој можен начин да фатиме чекор да си ја работиме нашата работа, рече Стевковски одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека во тек е последната фаза од реновирањето на просториите за НЏО  во Нациноналната опера и балет – останува да се најде изведувач за внатрешно уредување односно акустичко и ентериерно оспособување на просторот за да може таму да почнат да работат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе