Вести Македонија Топ вести

Дали крајот на локалните избори ќе стави крај на отпадот во главниот град?

На една улица празни, а на следната преполни контејнери. Сликата е веќе позната, но граѓаните велат — ништо не се менува.

Дали крајот на локалните избори ќе стави крај на сликата во главниот град? Граѓаните скептични дека нешто ќе се подобри.

Од Јавното претпријатие Комунална хигиена велат — само за еден ден собираат и до четиристотини илјади килограми отпад. Откако ќе ги испразнат контејнерите, екипите ги мијат и дезинфицираат, со цел да се намали ширењето на инфекции.

Мерките на надлежните наидоа и на критики од стручната фела. Лекарите посочија дека не секоја препорака е логична.

Сметаат дека носењето заштита при фрлање отпад е оправдано само за оние што ракуваат со смет, или за лица со астма и белодробни заболувања.

Од друга страна, правниците велат дека одговорност мора да има. Го вперуваат прстот кон раководството на Комунална хигиена,  и ги советуваат граѓаните дека можат да ги тужат надлежните и да бараат надомест на штета.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе