На една улица празни, а на следната преполни контејнери. Сликата е веќе позната, но граѓаните велат — ништо не се менува.
Дали крајот на локалните избори ќе стави крај на сликата во главниот град? Граѓаните скептични дека нешто ќе се подобри.
Од Јавното претпријатие Комунална хигиена велат — само за еден ден собираат и до четиристотини илјади килограми отпад. Откако ќе ги испразнат контејнерите, екипите ги мијат и дезинфицираат, со цел да се намали ширењето на инфекции.
Мерките на надлежните наидоа и на критики од стручната фела. Лекарите посочија дека не секоја препорака е логична.
Сметаат дека носењето заштита при фрлање отпад е оправдано само за оние што ракуваат со смет, или за лица со астма и белодробни заболувања.
Од друга страна, правниците велат дека одговорност мора да има. Го вперуваат прстот кон раководството на Комунална хигиена, и ги советуваат граѓаните дека можат да ги тужат надлежните и да бараат надомест на штета.
Симона Петровска
Б.С.
