Вести Македонија Топ вести

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Секој граѓанин сам ќе може да одлучи дали по својата смрт сака да биде органодарител, предвидуваат измените на Законот за органодарителство кои денеска се на владина седница. Со измените се проширува и кругот на живи донори, па органи ќе можат да донираат и роднини до четврто колено.

Министерот за здравство Азир Алиу оценува дека станува збор за еден од најзначајните и најхумани чекори за унапредување на здравствениот систем.

„Пациентот кога ќе оди на матичен доктор, ќе се отвори еден прашалник во кој матичниот лекар нема да може да влезе во системот без да одговори на прашањето дали пациентот се согласува да биде донор на органи по клиничка смрт и секој од нас ќе има можност на тоа да одговори со да или не“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Според Алиу, при посета на матичен лекар секој пациент ќе одговори на прашањето дали се согласува да биде донор на органи по смртта. Одговорот ќе се евидентира во системот, со што институциите во секој момент ќе располагаат со точни податоци за бројот на потенцијални донори.

„Процесот на донорство е многу комплициран. Ќе треба да се направат неколку анализи кои ќе покажат дали органот ќе биде прифатен во друго тело или не. Исто така ќе ги оптимизираме и административните процеси“, додава Алиу. 

Доколку измените бидат усвоени на владината седница и не бидат поднесени амандмани, законот ќе биде изгласан, а осум дена по објавувањето во Службен весник ќе стапи во сила.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе