Вести Македонија Топ вести

Лажните дојави за бомби  во  47 училишта во Скопје и Куманово

Полицијата истражува кој ги испратил лажните дојави за бомби  во  47 училишта во Скопје и Куманово. Заканите за поставени експлозивни направи пристигнале вчера околу 18 часот на електронските адреси. Училиштата беа испразнети, а по проверките полицијата информираше дека се лажни.

  • Секторот за компјутерски криминал во соработка со секторот за тероризам, а преку секторот за  меѓународна полициска соработка се преземаат мерки, односно се врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомбиГоце Андреевски, портпарол на МВР .

Професорката од факултетот за безбедност Светлана Николоска смета дека моментот не е случаен а целта може да е обид да се тргне вниманието од изборната трка

  • Сега во изборен период да се тргне вниманието од нешто од политичките превирање, избори, да се тргне  вниманието на јавноста дека има облици на загрозување на безбедноста. Полицијата сигурно веќе го направила тоа , во кој временски интервал се пуштени меиловите, за да се види дали е во исто време дали е во краток временски период или подолг временски период. Дали се пуштени меилови со иста содржина дали се разликуваат се тоа треба да се утврди – проф д-р Светлана Николоска,  Факултет за безбедност.

Николовска истакнува дека по серијата лажни дојави во минатото МВР има оперативен план за брзо реагирање во вакви случаи се со цел брзо и ефикасно да се провери пријавата и да се смири јавноста.

Последниве години  имаше повеќе бранови на лажни дојави на бомби најчесто во основни и средни училишта.

Според податоците на МВР од октомври 2022 година кога е регистрирана првата пријава за бомба во училиште, до денеска евидентирани се вкупно  1314 лажни дојави. Најмалку имало лани осум пријави најмногу во 2023 – 597 пријави. Годинава  повторно мејлови со закани за поставени бомби празнеа училиштата во неколку града евидентирани се вкупно 329 пријави.  Во февруари во еден ден беа испратени 240 меилови со лажни закани а властите толкуваа дека станува збор за нов хибриден напад.

Од МВР велат дека до сега поднеле шест кривични пријави, против седум лица, за сторени кривични дела „тероризам“

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе