Вести Свет

Уапсени осум лица во Црна Гора поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

Црногорската полиција уапси осум лица под сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои поттикнување национална и верска омраза, насилничко однесување и нарушување на јавниот ред и мир. Според полициското соопштение, акцијата следи по неколку инциденти во изминатите денови во Подгорица во кои мета биле странски државјани, претежно од Турција и од Азербејџан.

Меѓу уапсените е 35-годишен жител на Подгорица кој е осомничен дека преку социјалните мрежи објавувал заканувачки и навредливи пораки насочени кон турски државјани, со содржини што поттикнуваат омраза и нетрпеливост. Лишени од слобода се и три лица на возраст од 25 до 31 година за напад на тројца турски државјани на 27 октомври во населбата Забјело, уште три лица на возраст од 18 до 24 години за физички напад врз турски државјанин, како 27-годишник поради напад врз двајца државјани на Азербејџан во угостителски објект.

Како реакција на последните инциденти, Владата на Црна Гора вчера привремено го суспендираше безвизниот режим за државјани на Република Турција, со цел преиспитување и зајакнување на контролата на движењето и престојот на странци.

Владата посочи дека оваа мерка не го доведува во прашање пријателството и стратешките односи со Турција и дека ќе се обезбеди забрзана постапка за издавање визи за турските државјани што планираат патување или транзит.

Во Црна Гора, според официјалните податоци, престојуваат околу 14.000 турски државјани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе