Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Информација од ова утро 26.10.2025
Минимална температура (во °C)
2 Берово, 4 Попова Шапка, 5 Крива Паланка, 6 Скопје–Петровец, Струмица, 8 Скопје–Зајчев Рид, Велес, Битола, Гевгелија, Лазарополе, Маврови Анови, Крушево, 9 Куманово, Тетово, Прилеп, Штип, 10 Виница, Кавадарци, 11 Претор, Демир Капија, 12 Охрид.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
4 Лазарополе, 2 Куманово, Маврови Анови, Попова Шапка, 1 Крива Паланка, Претор.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
