Вести Економија Топ вести

„Тесла“ му додели пакет акции на Маск од 29 милијарди долари, колку четири буџети на Македонија

„Тесла“ му додели акции вредни 29 милијарди долари на главниот извршен директор, Илон Маск во обид да го задржи најбогатиот човек на планетата во компанијата, пренесува „Си-Ен-Ен“. Одлуката на извршниот одбор на компанијата доаѓа по пресудата на американскиот суд во јануари во 2024 година за поништување на исплатата на „Тесла“ кон Маск во вредност од, речиси, 56 милијарди за 2018 година. Судот ја образложи таквата трансакција како „неразбирлива“ и „нефер“ кон останатите акционери.

Маск во меѓувреме ја обжали одлуката на судот во Делавер, а на акционерите на „Тесла“ од компанијата им предочија дека понудените акции вредни 29 милијарди долари „ќе го поттикнат Маск да остане во фирмата“ во време на „интензивна војна за таленти во секторот на вештачка интелигенција“. Целта на потегот, наводно, е зголемување на влијанието на Маск во управниот одбор на компанијата.

„Неопходно е да ги задржиме и мотивираме нашите најталентирани луѓе, почнувајќи од Илон. Нему никој не може да му парира во комбинација на лидерство и техничка стгручност“, се наведува во постот на управниот одбор на платформата Икс.

Од компанијата, исто така, изразуваат уверување дека Маск, сепак, ќе ја добие заработувачката за 2018 година во вредност од 56 милијарди долари, што би била најголема годишна плата во историјата на САД. Самиот договорот е оформен според учинокот на Маск во зголемување на пазарната вредност на компанијата, на продажбата и на основниот профит, цели што сите ги исполни.

Според економските аналитичари, одлуката на „Тесла“ е „здраворазумска“. Технолошките компании кои се обидуваатда се наметнат на полето на вештачката интелигенција нудат огромни суми на пари на вработени кај конкурентите, со цел да ги убедат да им се придружат и поттикнат нивни развој.

Наводно и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг неодамна се обидел да привлече одредени програмери од компанијата „Опен Еј-Ај“  кои го креираа „Чет-џи-пи-ти“. Во меѓувреме, одделот за вештачката интелигенција на Мајкрософт неодамна вработи неколку луѓе од конкурентскиот „Гугл“.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе