Вести Наука и здравје Свет Топ вести

(фото)Возрасна морска желка по име Дили Дејли повторно вратена во водите на Атлантскиот Океан

Возрасна морска желка по име Дили Дејли повторно беше вратена во водите на Атлантскиот Океан, откако помина неколку месеци во ветеринарната болница во Флорида каде и беше ампутирана предната перка. Сега нејзиниот живот ќе се следи преку сателит.

Морските желки се загрозени видови.

  • Денес ја пуштивме Дили Дejли назад во океанот. Таа првично дојде во јануари, и дојде со рани од предатор на предната перка. За жал, тие рани беа толку сериозни што моравме да извршиме операција и ампутација. Но, по неколку месеци заздравување, Дили беше подготвена да се врати во океанот, рече Марика Вебер, ветеринар во Центар за морски живони „Логерхед.

Таа истакна дека по соработката со Смитсонијан добивле сателитски сигнал, па сега Дили Дејли има активна сателитска ознака на себе и „можеме да добиеме податоци во реално време за тоа каде оди, што е навистина возбудливо бидејќи навистина не знаеме што се случува со нашите желки откако ќе ги пуштиме, па сега знаеме дали нивните начини на миграција или барање храна се менуваат и ќе биде навистина корисно да видиме што се случува со овие пациенти“, истакна Вебер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе