Култура

Времено запрена работата на Центарот за култура во Охрид

Времено е запрена работата на Центарот за култура во Охрид, во чиј објект работи и охридскиот професионален театар. Според директорот Горан Стојаноски, времената забрана е од Министерството за култура и туризам, по констатирани недостатоци од аспект на безбедноста на објектот од Дирекцијата за заштита и спасување. Покрај охридскиот, времено се затворени и Центарот за култура, киното и театарот во Прилеп. Стојаноски вели дека тоа е резултат на отсуството на грижа за безбедноста на институциите од културата со години наназад. Тој очекува поправките на Центарот за култура и театар од Охрид, со спроведување на тендерската постапка да завршат за месец и половина.

  • Само е направена времена забрана, времен прекин, практично се додека не се решат неколку работи. А, тоа се: хидрантската мрежа, системот за брза детекција на пожари , кој што треба исто така да се репарира и громобранската мрежа, која што исто така треба да се репарира, која не е во функција. А, инаку врз основа на наш извештај, побаран од Министерството за култура , ги известивме сите надлежни органи, посебно ДЗС да дојдат и да констатираат кои се недостатоците на институцијата. И врз основа на тоа , со заедничка одлука со Министерството за култура, решивме да се направи времен прекин, се додека тоа не се репарира, за да може институцијата да биде во топ форма, понатаму. Веќе очекувам во понеделник да добијам некои средства од Министерството за култура и постапката за тендер ќе се распише веднаш. Ние инсистираме сето тоа да биде најбрзо што е можно . Така што, ајде да си дадеме некој рок од месец, месец и половина. Сметам дека е некоја логична рамка, вели Горан Стојаноски, директор на Центарот за култура и театар во Охрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автентичното творештво на Стефан Маневски претставено во НГМ

Дејан Дејан

Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера: Вистинска среќа е да се биде мост меѓу две култури

Дејан Дејан

На македонските танчери им е потребен простор за изразување и одржлива структура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе