Вести Наука и здравје Свет

Кинеските астронаути се вратија на Земјата по шест месеци поминати во Вселената

Тројца кинески астронаути се вратија на Земјата по шест месеци на кинеската вселенска станица.

Модулот за слетување на екипажот полека се спушти во Внатрешна Монголија, Кина, откако се одвои од капсулата за враќање, спуштајќи се со голем падобран во Донгфенг, на работ на пустината Гоби.

Нивното враќање беше одложено за еден ден поради силни ветрови и слаба видливост.

Областа е склона кон песочни бури во ова време од годината.

Астронаутите, беа испратени на вселенската станица Тиангонг во октомври, а во вторник ја предадоа контролата врз станицата на новиот екипаж што неодамна пристигна да ги замени.

Екипажот кој се врати на земјата на својот лет кон вселената со себе носеше опрема за вселенски науки за живот, физика на микрогравитација и нова технологија за вселенската станица.

Вселенската станица Тиангонг, или „Небесната палата“, ја направи Кина главен играч во новата ера на истражување на вселената и користењето на постојани станици за спроведување експерименти во вселената, особено затоа што беше целосно изградена од Кина откако земјата беше исклучена од Меѓународната вселенска станица поради загриженост за националната безбедност на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе