Вести Спорт Топ вести

(Видео) Песна и по некој свиреж наместо минута молк за жртвите во Кочани – непримерно однесување на „Балистите“ пред мечот Шкендија – Брера во Тетово, ФФМ отвори дисциплинска

Непримерно однесување на навивачката група „Балисти“ пред натпреварот од Првата МФЛ меѓу Шкендија и Брера во Тетово. Минутата молк во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани, тие ја искористија за пеење и по некој свиреж додека фудбалерите на двете екипи стоеја мирно, во придружба на судиите, околу центарот на тревникот.

Сите натпревари од денешното 25. коло започна со минута молк за настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, меѓу кои беше и фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров.

Веднаш реагираше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Од Куќата на фудбалот информираа дека е отворена дисциплинска постапка против Шкендија, а на навивачите на тетовскиот клуб им порачаа да се огледаат на Шкендија Арачиново. Според Дисциплинскиот правилник, тетовци се соочуваат со суспензија на теренот за максимум 12 меча, натпревари пред празни трибини и парична казна.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа. Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот. Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата. ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите, без исклучок. Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“, се вели во соопштението на ФФМ.

Инаку, Шкендија на крајот славеше со 2:1 и ја зголеми предноста пред Силекс, на второто место, на четири бода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Удрил тупаница на лекар кој му давал помош во казино, во болница нападнал и се заканувал на полицајци – инцидент во Битола

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе