Владата денеска најави но се уште не закажала седница на која треба да се разгледува одлуката за ограничување на маржите на производите во трговијата на мало и големо за 10%.
Одлуката доколку биде донесена треба да важи до 30 април и со неа се предвидува да бидат опфатени над 100 групи производи, вклучувајќи основни прехранбени производи, средства за хигиена, бебешка храна и други непрехранбени производи со висока маржа.
Причината за ова ограничување е извештајот од Државниот пазарен инспекторат, кој покажал дека маржите на некои производи се значително високи.
Владата, исто така, препорачува маркетите да ги објавуваат цените на своите производи и редовно да ги ажурираат истите.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера појасни дека веќе има работна верзија на предлогот и дека очекува денеска на итна седница на Влада да биде донесен.
Министерството за економија претходно најави дека ќе разгледува дали покрај оваа мерка, ќе има потреба да се носат и дополнителни кошници.