Вести Култура

„Приказничар“, „Посвети и пофалби“, „Бакнежи на небото“, „Книжевни паметници“ и „Беше еднаш една куќа“ се наградени книги на конкурсот на ДПМ за најдобри дела минатата година

„Приказничар“, „Посвети и пофалби“, „Бакнежи на небото“, „Книжевни паметници“ и „Беше еднаш една куќа“ се наградени книги на конкурсот на ДПМ за најдобри дела минатата година.

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) ги соопшти добитниците на наградите за најдобри книги во минатата година. Збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски во издание на „Антолог“ ја понесе наградата „Стале Попов“, за најдобра прозна книга.

„Посвети и пофалби“ од Иван Џепаровски во издание на „Дијалог“ ја освои наградата „Ацо Шопов“, за најдобра збирка песни. „Бакнежи на небото“ од Иван Антоновски во издание на „Светулка“ ја доби наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади.

Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики и есеистика оди во рацете на Наташа Аврамовска за „Книжевни паметници“, издание на Институтот за македонска литература, а наградата „Мост“ за најдобро остварување на еден од јазиците на националностите во Македонија ја освои Гордана Јовиќ Стојковска за книгата „Беше еднаш една куќа“. Наградите ќе им бидат врачени на добитниците на 13 февруари, кога ДПМ ќе прослави 78 години постоење.

„Од трите книги кои што влегоа во последниот круг , две имаа не речиси, туку израмнети гласови. Така што, жири комисијата дискутираше . И во дискусија и повторно бодување го одбра победникот“, рече Лилјана Пандева, претседателка на жири за наградата „Стале Попов“.

„Во најголемиот дел од насловите и авторите се совпаднавме. Значи, првите осум наслови што ги издвоивме и последните три кои влегоа во најтесен избор, беа заеднички. Значи дека кога некој има препознатлив квалитет и кога има критичари кои се членови на жири, кои не се пристрасни кон авторот, за авторот знаеме кој е, еден или друг, ја читаме книгата. Значи, тогаш тече нормално и има голема веројатност да дојдеме до слични одлуки“, рече академик Катица Ќулафкова, претседателка на жирито за наградата „Ацо Шопов“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе