Драмски театар отвори јавен повик за драмски текст , за лани востановената наградата „Горан Стефановски“, за најдобар текст од македонски млад автор до 30 години.
Наградата треба да го стимулира драмското творештво на младите автори кои низ изведбите ќе живеат на сцената на Драмски театар, претстави кои ќе го отсликуваат времето во кое што живееме, рече директорот Вељановски.
Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар.