Вести Економија Топ вести

Скопје без парно греење поради зголемени загуби на вода

Во повеќе делови од Скопје утрово жителите се без парно греење. Од ЕСМ Снабдување информираат дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија.   Парно греење нема во делови од скопските населби Ново Лисиче, Аеродром но и во други населени места.

Од ЕСМ Снабдување соопштуваат дека екипите на  Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.

Очекувањата се дека за бргу ќе биде нормализирано снабдувањето.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од проневери во ФФМ до местенење тендери во Царина – јуни во знакот на истраги, ревизии и корупциски настани

Tea Dimkovska

Со 224 поднесени аманднани стратува расправата за ребалансот на буџетот

Kristina Kuzmanovski

Ќе има ли договор за Изборниот законик?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе