Вести Економија Најважни Топ вести

Бизнисот предлага: Наместо кошнички, да се активираат стоковите резерви ако дојде до сериозни промени со цените на пазарот

Од Стопанската комора за Телма соопштуваат дека на вчерашниот состанок со претставници од министерството за економија и труд, од надлежните било побарано по завршување на новогодишната кошничка да нема поместување на цените во следните две недели. Од бизнисот посочиле дека ќе се преземе сè, без разлика што кошничката повеќе не е на сила, цените да останат на она ниво како за време на кошничката, а потоа повторно ќе се разгледува состојбата.

Од бизнисот на состанокот предлoжиле и кога ќе се формираат новите кошнички за следните празници, да се одберат најприоритетните производи, односно да се намали бројот на продукти кои ќе бидат дел од кошничката, а да се зголемат попустите. Побарале и да не влегуваат берзански производи. Исто така, сугерираат – ако има драматични промени на пазарите, наместо кошнички да се активираат стоковите резерви.

Од денеска повеќе не важи кошничката со која беа опфатени дел од продуктите кои еден месец имаа акциска цена. Тоа не беше мерка донесена со одлука на влада, туку со даден збор од страна на бизнис заедницата. Сега, надлежните го следат пазарот и цените дали ќе има нагло покачување по завршувањето. Ако дојде до тоа, ќе бидат принудени да воведат мерки од типот на замрзнување на цени и маржи.

Од Министерството за економија и труд соопштија дека се задоволни како минала акцијата – цените во декември се намалиле за скромни 0, 3 проценти.

Претходно кога се донесе кошничката, мерката се искомплицира со тоа што производите кои беа опфатени поевтинија за некој денар, но поскапеа оние кои не беа дел од мерката, па така Владата без  можност за казнување ги предупреди да ги вратат цените за да не се воведат поригорозни мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потера по осомничениот бомбаш во Монако, камерите го снимиле како бега кон Франција

Дејан Дејан

Тригодишно дете e извлечено живо од под урнатините шест дена по земјотресите во Венецуела

Дејан Дејан

Клековски во здравство, Велковски во социјала, Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, а Седат Сулејмани од Вреди оди во култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе