ЕСМ заглави во загуба од 22, 6 милиони евра во третиот квартал година. Со оваа бројка компанијата се најде на врвот на листата од Министерството на финансии. Електрани од почетокот на годинава е во минус. Во однос на претходните квартали има намалување на загубата, но никако да влезе во позитива.
Паралелно компанијата троши милиони евра за да купи струја за да ги покрие домашните потреби. Откако за овој месец во џебот на неколку трговци завршија над 14 милиони евра ,сега има дополнителна набавка за декември за периодот од 18 до 31, која чини над 5, 2 милиони евра. Па, така вкупно за купување на струја за месецов досега се потрошени речиси 20 милиони евра.
Во моментов од домашните централи функционира РЕК Битола со два блока. Имаше обид да работи со цел капацитет, но тоа траеше кратко, откако еден од блоковите повторно излезе од мрежа. Осломеј и ТЕЦ Неготино не работат, а хидрото е на минимум. Најавите се дека температурите ќе паѓаат, па се поизвесно е дека и предизвиците ќе бидат поголеми.
Во понеделник треба да се донесе и новата цена на струјата за домаќинствата. ЕСМ на ЕВН ХОУМ мегават час за малите потрошувачи по нова година ќе го продава по 62 евра. Тоа е далеку под реалната производствена цена на електрани која е некаде околу 120 евра.
Електрани веќе подолго време работи со потешкотии и со финансиски проблеми. Но, државата одлучи да не ги помага со пари од буџетот, па така компанијата кај домашните банки се задолжи со 80 милиони евра кредит. Ветувањата пак на новите луѓе се дека приоритетите во следниот период ќе бидат да се намали производната цена на ЕСМ до 40 отсто, зголемување на домашното производство и намалување на набавките за кои речиси секој месец се трошат милиони.
Останува да се види дали ваквите планови, ќе се реализираат со оглед на состојбата во која се наоѓа енергетскиот сектор.
На листата за разлика од ЕСМ, МЕПСО може да се пофали со добивка од на 5 милиони евра.
Веднаш зад ЕСМ со голема загуба е и МЖ Транспорт. Но, интересно е дека минусот на железница со текот на времето го надмина ЕСМ, компанија која некогаш важеше за едно од најпосакуваните за работа.
Со минус во работењето се и МЖ Инфраструктура, Пошта, Водостопанство Скопје, ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта и други.
Ирена Чачкова
