Почна кампањата „помалку трошоци, повеќе за тебе – се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти, соопштуви владата.
Кампањата ќе трае до 15 јануари идната година, а државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли.
Очекувањата на владата се новогодишната потрошувачка кошничка да се прошири со над илјада производи.
Граѓаните пак кои вчера беа да пазаруваат реагираат дека цените пораснале и се скептични дека ќе има предновогодишно намалување.
Додаваат дека цените и покрај владината мерка останале исти, а некои според нив се дури и повисоки.
Трговците пак се правдаа дека причина за тоа што немало корекции кај некои од цените било тоа што мерката на сила стапила во недела и немале време да ги коригираат сите.
Со реакција се огласија и од опозициската СДСМ.
Од таму обвинуваат дека воведувањето на кошничките е голема измама, а Мицкоски дозволил трговците да се богатат на грбот на граѓаните.
Од партијата велат дека ВМРО ДПМНЕ не прифатиле ниту еден предлог на СДСМ за подобрување на животниот стандард на гаѓаните како предлог законот за покачување на минималната плата и предлог законот за укинување на ДДВ за храна.
