Вести Економија Топ вести

Скокнаа трошоците за живот и инфлацијата – најмногу поскапел зеленчукот

Скокнаа трошоците за живот. Цените во ноември повисоки за 4 отсто. Статистика, пак, измери годишна инфлација од 4, 3 отсто, повисока од претходно.

Според извештајот на статистика, за една година најголемо поскапување од храната има кај зеленчукот од 15, 6 проценти, потоа кај млекото, сирењето, јајцата, кај безалкохолните пијалоци, кафето, чајот, какаото, месото. Зголемување има и кај тутунот и алкохолните пијалоци. Кај дел од овие производи е забележано поскапување и во однос на месец октомври.

Зеленчук – 15,6%

Масло – 8,7%

Млеко, сирење и јајца – 7,1%

Месо – 4% 

Безалкохолни пијалоци – 12,9%

Кафе, чај, какао – 12,6%

Минерални води и негазирани сокови од овошје и зеленчук – 13,6%

Алкохолни пијалоци, тутун – 6,8%

Зголемување има и на трошоците за здравје, за фармацевските и стоматолошките услуги, за одржување и поправки во домовите.

За неколку дена треба да се намалат цените за најмалку 10 проценти на над 600 производи кои се дел од т.н. новогодишна кошничка. Овојпат со ваквата кошничка нема да има казнување, а граѓаните ќе биле најдобри инспектори. Намалувањето е во вид на акција. Па, потоа очигледно е дека предновогодишните акции се всушност дел од кошничката.

Премиерот Мицксоки, заедно со министерот за економија Дурмиши, пред неколку дена на прес-конференција зборуваа како очекуваат дека ќе даде резултати, но какви ќе бидат ќе се знае откако ќе заврши периодот на кошничката, а тоа е на средината на јануари.

Но, веќе може да се забележи дека кај некои производи, пред да почнат ваквите акции, цените пораснаа. Дел од економистите повторно сугерираат дека треба да престане праксата со кошнички, затоа што граѓаните нема да добијат ништо.

„Со кошничката, многу малку се намалуваат цените, а кога ќе се укине, многу се зголемуваат. Според синдикатите, кога се направи кошничката, цените на синдикалната кошничка падна за 70 денари, а кога се укина пораснаа за 700 денари и мислам дека тоа ќе се случи и сега. Фирмите  едноставно ја користат ситуацијата и минимално ги намалуваат сега цените да си направат промоција и после кога ќе истече кошничката го користат тоа како изговор да ги напумпаат цените повеќе од што е потребно и на среден рок овие кошнички водат кон зголемување на цените и ќе сфатат нашите политичари и да престанат со оваа пракса и да се фокусираат на платите и смешно е да се зборува за колку  ќе се намали цената на саламата, мајонезот и друго“, вели за Телма,  Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за меѓународни економски студии.

Очекувањата и на домашните и на меѓународните финансиски институции се дека инфлацијата ќе се намалува, но дека сè уште постојат ризици поради глобалните случувања.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе