Култура

Емил Петро со видео мапингот „Живот“, учествуваше на фестивалот Лумиарт во Дубровник

Од 8. до 10. ноември во Дубровник- Хрватска се одржа четвртото издание на фестивалот на светлосна и видео мапинг уметност „ЛУМИАРТ ДУБРОВНИК“.
Оваа година фестивалот се одржа под мотото „Нека биде светлина!” (“Let there be light!”), во чест на неколку хрватски познати научници и изумители.
Фасадите на повеќе репрезентативни објекти во Дубровник беа осветлени со дела на видео мапинг уметници, а познатите улици во Дубровник беа збогатени со светлосни инсталации од повеќе уметници. Посетителите на Дубровник во тек на трите фестивалски дена можеа да погледнат дела од уметници, од неколку држави и да уживаат во еден од наубавите градови на светот- Дубровник обоен со светлосна уметност.
Делото на македонскиот визуелен уметник Емил Петро во форма на мапинг видео арт, со наслов “LIFE/ЖИВОТ” беше претставено на фасадата на познатата Спонца – палата во срцето на стариот град, во Дубровник.
Концептот на арт видео мапингот „Живот” говори за врската меѓу човекотата ДНК и вештачката интелегенција, во вид на аудио визулено уметничко доживување на музика на италијанскиот пијанист и композитор Саша Латука.
– На мое големо задоволство бев дел од магијата на фестивалот Лумиарт Дубровник. Мојата локација за претставување беше прекрасната фасада на палатата Спонца, на крајот на познатата улица Страдун во Дубровник. Фасадата на Спонца , која што е палата од16 век, е предмет на истражување на голем број архитекти и историчари на уметност. Тоа за мене беше посебна инспирација и предизвик. Оваа палата е направена како микс од ренесансен и готски стил, и имала различни функции во тек на историјата.  Денес во неа е сместен богатиот државен архив на градот Дубровник. Моето дело во вид на видео мапинг арт ,претставува дел од мојот циклус „Црвено”,  на кој работам во последните години. Во подготовките за ова мое претставување на фестивалот на светлосна уметност Лумиарт, се одлучив  во истражувањето да вметнам тема од почетоците на мојата уметничка работа, со фокус на ДНК како наследен материјал кај живиот свет и природата од една страна и можностите на вештачката интелегенција од друга страна, како дел од еволуцијата на нашата планета и цивилизација во последните 30 години. Музиката за овој видео арт е на пијанистот и композитор Саша Латука од Палермо- Италија. Со Саша Латука ова ни е четврто заедничко уметничко патување, по моето учество како визуелен уметник на неговиот самостоен концерт, под наслов “Piano in Space”. Со ова дело се претставивме на два фестивали, во Палермо и Фавара на југот на Сицилија, вели уметникот Емил Петро.
Неколку пати во тек на фестивалските денови Петро добил аплаузи и коментари од публиката, која со задоволство го гледала неговиот видео арт, како светлосна интервенција на фасадата на познатата Спонца палата. На негово големо задоволство и радост, вели тој, добил покана за учество на фестивалот и следната година. Тоа ќе биде петто издание на „ЛУМИАРТ ДУБРОВНИК“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе