Вести Култура

Во делото на Мисирков може да се најдат одговори на сите прашања кои биле горливи и тогаш и денес

Делото на Мисирков не е доволно афирмирано и во периодот кога живеел и творел , затоа е важно да се поттикнат и натамошни истражувања затоа што тие заслужуваат внимание имајќи ги предвид и актуелните случувања кога одредени соседи го негираат македонскиот јазик и идентитет, вели професор Ристовска-Јосифовска.

  • „Во неговите истражувања може да се најдат одговори на сите прашања кои биле горливи и тогаш, а кои што за жал се горливи и денеска, па имаме проблеми со докажување на нашето право на името, на јазикот на идентитет, фолклорот, традицијата „позајмувањата“ од страна на соседите на делови од нашата историја. За жал истите проблеми се провлекуваат ако ги читате неговите трудови со денешните состојби“ изјави проф д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, Институт за национална историја.
  • „Мисирков едноставно ни оставил една национална програма и во книгата „За македонцките работи“ , но и со севкупното негово дело. Ни оставил национална програма како се сака и се почитува татковината, како се сака и почитува мајчиниот јазик, каков однос кон сето она што нас нѐ прави Македонци, различни од другите“ изјави проф. д-р Лилјана Гушевска, Институт за национална историја.

Тој ги поставува основите на кодифицираниот, на стандардниот македонски јазик. Дел од прашањата кои се поставуваа тогаш, дел од нашите соседи ( не сите) се уште сакаат да ги негираат, забележа проф. Јованова-Грујовска.

  • „Ако тој во време на непризнавање на македонскиот народ, на непостоење на македонска држава целиот свој живот и работен век го посвети на македонското прашање и на признавањето на македонскиот јазик, создавањето на македонскиот јазик , ние сме секако должни тоа е наш патриотски чин да го истражуваме македонскиот јазик да го проучуваме и да се потсетуваме на делото на Крсте Мисирков“ изјави проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директор на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ .

Според проф. Гушевска важно е да се спомене и како странските лингвисти меѓу кои и академик Далибор Брозовиќ  се однесуваат кон делото на Мисирков, во нивните статии тој се цени како предвесник на некои научни дисциплини што во тоа време не постоеле, на пример социо-лингвистиката и кои се јавиле 50, 60-ина години по излегувањето на книгата „За македонцките работи“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе