Од обвинувања за наместени тендери до најповолен понудувач. Вака изгледа перцепцијата за битолската „Марковски компани“ од владеачката ВМРО-ДПМНЕ во зависност за кој период станува збор. Изминатиот период во седиштето на партијата често тема на прес-конференциите беше РЕК Битола и оваа компанија.
Раководството на РЕК Битола на 10 октомври склучи рамковен договор за работна рака за тековни машински интервенции со кој „Марковски компани“ во наредните 12 месеци може да искешира до 64 милиони и 900 илјади денари, односно над 1 милион евра. Според договорот, РЕК Битола ќе ѝ плаќа на фирмата по 582 денари од работен час за браварите што ќе ги ангажира и по 614 денари од час за заварувачите.
Три дена подоцна, на 13 октомври, подоцна владеачката партија објавува видео на „Јутјуб“ каде обвинува за милионски криминали.ј
Министерката за енергетика Сања Божиновска појаснува дека станува збор за рамковен договор и цената била намалена за 30 до 40 отсто пред да се стави потписот.
Во пресрет на периодот со зголемена потрошувачка на струја, ТЕЦ Осломеј набавува 400 илјади тони јаглен. Тендерот е рамковен, трае до 30 април идната година и објавен e на страната на АД ЕСМ.
Засега не може прецизно да се утврди која ќе биде производствената цена на мегават час од овој погон, но повеќе од извесно е дека ќе биде повисока од онаа на слободниот пазар, односно берзите.
Огнен Чанчаревиќ
