Вести Култура

Доделена наградата „Ацо Караманов“ за 2024 година

Македонската поетеса Ирена Павлова Де Одорико и руската Олга Панкина се добитнички на наградата „Ацо Караманов 2024“. Павлова Де Одорико наградата ја доби за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори кои пишуваат на македонски јазик за книгата „Новоженство“, а Панкина интернационалната книжевната награда „Ацо Караманов 2024“ за книгата „Меѓусебна потрага“.

Наградите ги соопштија од Центарот за култура „Ацо Караманов“ -Радовиш заедно со ОНБ „Браќа Миладиновци“ и жири комисијата за избор на најдобри поетски ракописи добиени по конкурс за 51. Караманови поетски средби во состав професор д-р Даниела Андоновска Трајковска, Борче Панов и Славчо Атанасов.

Според жири комисијата „Новоженство“ е храбра поезија која не се бори за женските права, туку нè соочува со историските предрасуди на еден свет кој бил проектиран како претежно машки свет, а кој денес се повеќе еродира како таков и среде ова се поставува женската перцепција за жената и како реален и еволуциски и телошки коректив на една цивилизација и колку и да е лудистички овој поетски ракопис, неговата необичност и оригиналност плени со естетиката на една нова реалност.

За поезијата на Олга Панкина жирито напиша дека преку живи и смели метафори и како на филмска лента многу луцидно, храбро и без влакна на јазикот е оживеан мигот на постоењето во светот кој сè повеќе станува виртуелен отколку реален. Македонија со своите природни, културни и историски богатства е чест мотив во поезијата на Панкина и токму заради тoa може да се рече дека таа не само преку своите препеви и преводи, туку и преку своето поетско перо ја промовира Македонија и меѓу Македонците, но и насекаде низ светот како книжевен амбасадор кој тоа го прави со голема љубов и посветеност.

Жирито одлучи да ја награди и книгата „Пристоен предлог и други песни“ од Тихомир Јанчовски со Специјална награда „Караманов 2024“, која влезе во најтесниот избор за наградата.

На годинашниот конкурс за наградата „Караманов 2024“ се јавија 17 поети со свои необјавени поетски ракописи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе