Вести Култура

Почнува Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“

Со концерт на најдобрите млади гитаристи денеска почнува 15-то издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“, во организација на Детскиот културен центар.

Концертот ќе почне од 19 часот во Музејот на македонската борба. Утре во истиот термин во Националната филхармонија ќе настапат El Sonido De La Vida – Carlos Sancez од Шпанија, а задутре во Музејот на македонската борба ќе настапат Jimmy Liu (Shih-yu Liu) од Tајван и Cassie Martin од Франција.

Овој културен настан, како што посочуваат од Детскиот културен центар, ги обединува љубителите на класична гитара, а во текот на изминатите 15 години прераснал во културен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара.

Покрај трите концертни вечери, во текот на овој музички фестивал ќе се одржат и мастер часови и работилници од областа на класичната гитара и фламенко.

Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло” се одржува под покровителство на Град Скопје, а влезот е слободен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе