Вести Култура

Штиберник: Македонија има одличен Закон за авторски и сродни права и сѐ уште не ми е јасно зошто тој не се спроведува

Факт е дека Македонија има одличен Закон за авторски и сродни права и тарифи кои се издржани и се уште не ми јасно зошто истите да не бидат спроведени во пракса веќе 5 години, затоа што со тоа не губат само македонските креативци, туку и меѓународната заедница во глобала, вели Штиберник.

Вториот аспект, што исто така не можам да го разберам, затоа што тоа оди на штета на Македонците, имате фантастична кинематографија. Да речеме јас исклучително го сакам филмот„Медена земја“, фантастичен филм, исто „Петрунија“ фантастичен филм и еве ми се наежи кожата. Овие филмови редовно играат, се емитуваат не само по кината, туку и на телевизиите, секаде низ Европа и поради тоа што немате ефективни колективни организации во Македонија, тие пари за жал не доаѓаат, до авторите, до глумците и продуцентите во случај кога тие се емитуваат на кабловските телевизии во Германија, Франција, Словенија итн, вели штиберник.

За Дамјан Гроздановски кој има богато меѓународно искуство, како соработник во Европската комисија во Брисел и во моментов работи како менаџер за лиценци на Универзитетот во Антверпен, Белгија, ваквата состојба е несфатлива.

-Во пракса овој закон не се спроведува како што треба. Законот предвидува колективно управување на правата на филмските работници, преку Асоцијација за колективно управување која што постои во нашата држава и има лиценца, меѓутоа тарифата која е донесена од оваа Асоциајција не е одобрена од страна на надлежните органи во Владата, односно е заглавена во еден бирократски процес и поради тоа се спречени овие филмски работници колективно да ги остварат своите права, вели гроздановски.

 

-Ваквиот Закон не е бенефит само за корисниците, за аворите и за артистите, туку и на национално ниво една поголема економска вредност, затоа што како што знаеме парите кои ги добиваме секако ќе се плати данок на тие пари и самата држава ќе има бенефит од тие пари, вели актерот Ивица Димитријевиќ.

И тоа е најважниот дел кој треба да им се објасни на тие кои одлучуваат во Македонија, затоа што толку сте блиску за да бидете еден од ретките примери на добро организирана земја во однос на авторските права, вели Штиберник посочувајќи го примерот со Словенија каде што овој закон совршено функционира и нуди можност за законско собирање на над 30 милиони евра на годишно ниво.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе