Вести Култура

Иложба на чешки уметник Онджеј Мишек во МКЦ

На 22 октомври изложба со наслов „Paint your life“ на чешкиот уметник Онджеј Мишек во галерија МКЦ  ќе биде достапна за јавноста.

Онджеј Мишек студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава, во класата на проф. Лех Мајевски. Покрај редовните судии по графика и графички дизајн, активно се посветил и на сликањето, каде бил доста присутен во атељето на проф. Адам Стика.

Помеѓу 2009-2016 година живеел и работел во Бангкок, Тајланд, каде најпрвин бил ангажиран како предавач по графички дизајн на “Accademia Italiana” – Институт за мода и дизајн. Подоцна, работел и како менаџер во еден од најпопуларните ноќни клубови, Maggie Choo’s Bar, кој беше познат по посебните шоуа, кинески кабареа и џез музиката.

Па оттука, сите фаци од Меги Чу, станаа инспирација за огромен број на слики наречени: „Меги Чу серијал“.  Улиците и ноќниот живот на Бангкок, Тајланд, како и многу познатиот тајландскиот бокс, се составен дека од серијалот слики под наслов „Бангкок серијал“.

Дополнитлено, Мишек создава и дополнителна серија слики инспирирани од неговиот престој во Варшава на крајот на деведесеттите и почетокот на новиот милениум.

Неговиот стил е фигуративно сликарство поврзано со моќна типографија, која влече корени од неговите студии по графичкиот дизајн и дизајн на плакати.

Изложбата во галеријата МКЦ претставува избор на дела под наслов „Насликај го својот живот“, на која и предходеше иста тематска изложба оваа година во Прага, во галеријата Mánes. Истата наиде на позитивен одзив кај јавноста и ликовната критика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе