Свет

Хрватската дијаспора денеска гласа на предвремените парламентарни избори

Под посебни безбедносно- здравствени мерки хрватската дијаспора денеска гласа на предвремените парламентарни избори.

Во време на скок на бројот на новозаболени од корона вирусот на Балканот, бирачките места во Босна и Херцеговина денеска беа полни со гласачи.

Според аналитичарите ова се едни од најнеизвесните избори.

Според последните истражувања, тесна победа би можела да постигне  Рестарт коалицијата, собрана околу опозициската СДП, од каде и дојде актуелниот претседател Зоран Милановиќ, но се верува дека поголем коалициски потенцијал има досегашниот премиер Андреј Пленкович и владејачката ХДЗ, што се очекува да биде клучно за формирање на нова влада.

Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември оваа година, но поради епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот, донесена е одлука тие да се спроведат неколку месеци порано.

Официјално, изборната кампања траеше само 15 дена, неофицијално траеше многу подолго, оценуваат хрватските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе