Култура

„Нова надеж“ – Мултимедијален настан на Спомен – Костурница во Велес

На 11 Октомври – Денот на македонското востание, музичката платформа „Терапија“ организира мултимедијален настан на Спомен – костурницата во Велес. Имено, станува збор за јавен објект кој е дел од домашното културно наследство. Честопати нарекувана и како „Герника на Македонија“, оваа Спомен – костурница е изградена во знак на сеќавање на партизаните кои се бореле за слобода на Велес и за слобода на Македонија, во периодот на Народноослободителната борба (НОБ).

„Во петок, од 18:00 часот, ова спомен – обележје ќе добие дополнителна вредност, а новите генерации ќе можат да посведочат на музички и визуелен перформанс налик настаните во Европа и светот“ велат организаторите.

Мултимедијалниот настан „Нова надеж“ ќе го модерираат Тони Михајловски и Камка Тоциновски. Свое учество во музичкиот дел ќе земе и Игор Џамбазов придружуван од Харе, кои ќе изведат неколку култни македонски песни кои имаат оставено траен белег на домашната културна сцена.

Во последниот дел од настанот прилагодени DJ сетови ќе имаат и артистите Ивана Драгшиќ и Александар Гроздановски – HERZEL.

„Терапија“ ги поканува сите граѓани да бидат дел од овој уникатен настан и од одбележувањето на 11 Октомври – Денот на македонското востание.

Мултимедијалниот настан „Нова надеж“ е поддржан од Министерството за култура и туризам, Конзулат на Република Србија во Куманово (почесен конзул), СКОПСКО, ABSOLUT и BWI.

„Терапија“ веќе неколку години креира и одржува настани од мултимедијален карактер на јавни објекти кои се дел од домашното културно наследство. Основната цел е да се даде „нов живот“ на овие обележја, да се афирмира културното наследство меѓу новите генерации и да се промовираат домашните артисти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе