Вести Култура Македонија

Златен медал од ФИДЕ од рацете на легендата Ананд за наставникот Орце Данчевски и училиштето „Јахја Ќемал“ за имплементација на наставен шах

За време на 45-та Шаховска олимпијада во Будимпешта, од страна на Светскиот шампион во шах од Индија, Вишванатан Ананд беше доделена златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал”.

Доделувањето на оваа престижна награда се одвиваше во рамки на Конгресот на ФИДЕ за имплементација на шахот во образованието. ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално признание од Светската шаховска федерација(ФИДЕ) за имплементирање на шах во училишната програма, објасни Данчевски.

Kомисијата за шах во образованието која, е дел од ФИДЕ, додели златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал” со златна плакета по спроведеното оценување на десет критериуми и активности коишто овозможуваат успешно имплементирање на шахот како дел од образовната програма. Златната плакета е доделена на ПСУ „Јахја Кемал” поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.

Одлично се оценети и предложените подобрувања како проширувањето на наставната програма за да вклучи интердисциплинарни пристапи, проширување на шаховските клубови за различни возрасни групи и способности за пошироко учество.

Образовната комисија за шах при ФИДЕ годинава додели над 20 признанија согласно оценетите критериуми за златна, сребрена и бронзена плакета. Златната плакета ПСУ „Јахја Кемал” го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан.

Највисокото признание го дели со уште 13 шаховски школи од земји во кои шахот е бренд и доживува најголема експанзија на светските првенства, како на пример Индија, Кина, а во ова друштво се и школи од САД, Шпанија, Бразил и други.

Ова престижно признание од Светската федерација за шах за прв пат е доделено на училиште во Македонија, инаку шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе