Вести Култура

Блаже Миневски за романот „Ако се родат некакви чувства“ ја освои годишната награда на ДПМ за најдобра прозна книга

Друштвото на писатели на Македонија ги објави добитниците на годишните награди за најдобри изданија во 5 категории, објавени минатата година . Блаже Миневски за романот „Ако се родат некакви чувства“, ја понесе наградата „ Стале Попов“, за најдобра прозна книга. А , беа соопштени и имињата на авторите кои се наградени за најдобра поетска , книга за деца и млади, и за есеистика или критика. Наградата „ Мост“, за најдобра книга на некој од јазиците на етничките заедници во Македонија, не е доделена зашто според претседателот на ДПМ, стигнале недоволен број книги, за да влезат во кункуренцијата.

Писателот Блаже Миневски за романот „ Ако се родат некакви чувства“, во издание на „ Матица“,  ја освои наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, објавена минатата година. По освоеното „ Рациново признание“ , „Стале Попов“ , е втора по ред награда на Миневски за овој роман. Зад одлуката стои тричлено жири, со кое што  претседаваше писателката Гордана Јовиќ- Стојковска.

Романот на Блаже Миневски „Ако се родат некакви чувства“ е комплексен. Историографска метафикција , разгранета барем со две странични , жанровски меандри , документаристика и фељтонистика. Во рамките на најшироката одредница, „Ако се родат некакви чувства“ е роман за Гоце Делчев и за неговата љубена Јанка Каневче, Миневски внел цели минати и сегашни, познати и непознати светови, кажа Гордана Јовиќ – Стојковска, претседателка на жири- комисијата за наградата „ Стале Попов“.

Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија во 2023 ја доби Зоран Анчевски , за стихозбирката „Коњски житија “ издание на „Арс Ламина“.

Во образложението на жирито , со кое претседаваше Елена Пренџова, стои дека книгата се истакнала како уникатно и неповторливо дело во современата македонска книжевност. Наградата „ Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца и млади, оди во рацете на Билјана Црвенковска, за книгата- пиеса „ Земја на заборавените приказни“, објавена од „ Чудна шума“.

Според жирито, со кое претседаваше Сузана Мицева, се работи за возбудлива приказна што комуницира со децата, покажувајќи им свет на авантури, далеку од градската врева и технологија. А, наградата „Димитар Митрев“, за најдобра книга со критики или есеи, ја делат Лидија Капушевска- Дракулевска и Влада Урошевиќ, за објавата „Птици во аквариум: надреализам , 1924- 2024 – издание на „Полица“. Според жирито, со кое претседаваше Иван Додовски , согласно концептот, книгата придонесува во толкувањето на нашата поезија како дел од книжевната авангарда во светот.

Наградата „ Мост“, за најдобара книга , напишана на некој од јазиците на етничките заедници во Македонија, не е доделена , зашто според пропозициите требало да пристигнат најмалку три предлози, а добиле само два издржани.

Беа поднесени три дела, со тоа што при верификацијата беше утврдено дека едно од делата е објавено во 2022 година. Значи не можеше да влезе во конкуренција, вели Живко Грозданоски- претседател на ДПМ.

Согласно новиот Правилник и Деловник на ДПМ, за доделување на годишните награди, Управниот одбор немал увид кои се членовите на жири- комисиите. А седум меѓу нив, поради обврски и летниот одмор ги откажале функциите и биле заменети со нови, кажа претседателот на Друштвото.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свеченост во среда навечер, во ДПМ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе