Нема начин да се отповика одлуката за избор на директор на струмичкиот центар за култура, Антон Панов. Ова е заклучокот којшто го добиле струмичките актери од Министерството за култура. Тие вчера имале состанок и со националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски, но бил потврден истиот став.
Вработените во театарот не се задоволни од ваквиот одговор. Ги побарале поднесените документи од министерството за култура на избраниот кандидат Васил Бубев и ќе се консултирале со адвокати. Во меѓувреме ќе одат на протести.
И Центарот за култура во Тетово доби спортски работник за директор. Тренер по карате застанува на чело на оваа институција. Тој осум години работел и како шеф на кабинетот на државниот секретар при Министерството за култура.
Сузана Мицева