Вести Култура

Штипските актери сами си перат и местат костуми и помагаат за местење на сцената во недостиг од техничари

Сами си ги перат и местат костумите, на сценските работници им помагаат да ја наместат сцената. Вака штипските актери си го олеснуваат процесот при создавање, но и изведба на претставите на сцената. Импровизациите се прават веќе пет години, бидејќи во овој период по основ на пензионирање заминале 16 вработени од техничката служба.

Во двете згради, односно и во Домот на културата и во Театар Штип има само седум техничари, а за нормално функционирање се потребни уште најмалку 13 лица. Но, во меѓувреме мора под итно да се најдат пари за санирање на кровот на зградата на Народниот Театар Штип, кој прокисунува.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков забележа дека нашата земја и институциите од областа на културата заостануваат во делот на сценската технологија. Во институциите од областа на културата недостасува и стручен и технички кадар.

На министерот за култура и туризам наредниот период приоритети му се наоѓање на пари за доизградба на културните институции, кои се почнати, а незавршени, санација на старите згради, но и решавање на проблемот со десеткуваниот кадар.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе