Вести Култура

Вечерва во НУБ: Саем, работилница и изложба на колажи на меѓународната независна мрежа „ФИЈУК“

Вечерва, петок (23.08.2024) во Националната Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 17.00 до 22.00 часот ќе се одржи петтиот саем и работилница за изработка на колажи на независната мрежа „ФИЈУК“.

„ФИЈУК“ е меѓународна и самоодржлива иницијатива чија мисија е да поттикнува нова графичка и дизајнерска продукција на книги, постери, графики, фотографии, принтови, копии и цртежи и да ја зголемува видливоста  и побарувачката на локаните независни уметници и издавачи. Петтиот саем на „ФИЈУК“ во Македонија ќе ја презентира продукцијата на рекорден број од над 30 излагачи кои ќе ги претстават своите уметнички дела пред македонската публика. Изложбата е продажна.

Како дел од визуелната програма на саемот, ќе биде отворена изложбата „Ненаситни“, која по промоцијата во Белград (Србија), премиерно се поставува во Скопје. Изложбата „Ненаситни“ е составена од над 30 уметнички колажи кои се резултат на ентузијастично сецкање и лепење на безброј постери собрани на улиците во Скопје, Виена, Братислава и многу други локации на Балканот и Европа. По Скопје, оваа уникатна изложба ќе се претстави и пред публиката во Загреб (Хрватска), како дел од Охохо Фестивал. На настанот во НУБ ќе биде промовирана и арт книгата во сито печат „Ненаситни“.

Саемот и изложбата ќе бидат збогатени со винил-сет на Владимир Муратовски – Диво и музички колаж на Јоана и Стражарот.

„ФИЈУК“ е независна меѓународна мрежа иницирана од Колективот Матријаршија од Белград во 2015 година, која потоа успешно се шири земјите на Балканот и на Скандинавија.

Настанот во Скопје е во организација на Партизанска Штампа, Арт Еквилибриум, Гола Планина Колектив, со поддршка од НУБ „Св. Климент Охридски“.

Повеќе информации на следниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе