Вести Македонија

Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии

Во Министерството за финансии утрово беше извршено примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими.

На средбата Бесими ја запозна новата министерка со тековните активности и проекти на кои се работи во Министерството за финансии. При тоа беше посочено дека Министерството има значајна улога и дека е најважно да се спроведат реформи коишто ќе обезбедат одржливост во финансиите и економски раст.

„Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата“, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.

Димитриеска-Кочоска е дел од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која беше изгласана вчера во Собранието на Р Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе