Вести Македонија

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата,  поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба, соопштија од СДСМ.

„Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за јавнообвинителска служба, а дополнително 19 амандмани ќе бидат поднесени како комисиски амандмани.

Предлог измените се резултат на сериозни укажувања од стручната јавност и синдикалните претставници, кои јасно предупредуваат дека предложените решенија во сегашна форма во Предлог законите ја загрозуваат независноста на судството и значително ја влошуваат положбата на вработените во правосудниот систем“, соопштија од СДСМ.

Од партијата велат дека  овие служби не смеат да бидат игнорирани, бидејќи токму тие се носители на секојдневното функционирање на правосудниот систем и најдобро ги познаваат реалните предизвици во праксата.

„Доколку овие амандмани не бидат прифатени, постои сериозно предупредување дека судската служба ќе биде вратена две децении наназад, со ризик од институционален хаос, дополнително ослабување на системот и забрзан одлив на веќе недоволниот стручен кадар.

Затоа, повикот е јасен да се слушне гласот на стручната служба и да се заштити независноста и достоинството на судската и јавнообвинителската служба“, пишува во партиското соопштение.

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволни од предложените законски решенија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Ако улицата се скрати еден метар, нема да можат да поминат ни Пожарна, ни Брза помош – жители од Маџир Маало бараат општина Центар да ја стопира узурпацијата на јавен простор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе