Вести Забава

ФОТО: Објавена „притворската“ фотографија на уапсениот пејач Џастин Тимберлејк

-Испив само едно мартини и возев по моите пријатели кон домот, наводно рекол славниот пејач и актер Џастин Тимберлејк кога бил сопрен од полицијата поради возење автомобил додека бил под дејство на алкохол.

Американските медиуми ја објавија и полициската фотографија и детали од записникот за апсењето на Тимберлејк во монденското место Саг Харбор на 100-тина километри од градот Њујорк.

Пејачот наводно одбил трипати да „дува“ во дрегер за да му биде утврдено дали е пијан или не. Првото судење е одржано и Тимберлејк е ослободен од притвор, а наредното рочиште ќе се одржи виртуелно, на далечина на крајот на јули.

Џастин Тимберлејк ја почна кариерата во бојбендот Nsync, а потоа почна самостојна музичка кариера, а паралелно ја развиваше и актерската кариера. Неговите музички албуми и дела се меѓу  најпродаваните албуми од американски артисти и музичари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, еден пожарникар повреден во неговото гасење

Дејан Дејан

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза

Дејан Дејан

Венс: Британците ги разочара водството, на земјата и се потребни големи промени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе