Тосин Адарабиојо е нов фудбалер на Челси откако потпиша четиригодишен договор како слободен агент. Стоперот доаѓа од редовите на Фулам, каде импресионираше изминатите две сезони.
Фудбалерот кој има 26 години потекнува од младинската академија на Манчестер сити, а потоа играше во ВБА и Блекбурн како позајмен играч пред да замине во Фулам во летото 2020 година за само 1,65 милиони евра.
Адарабиојо е само првото летно засилување за „сините“, а ако се суди според претходните трансфер-прозорци, треба да очекуваме ново бурно лето на „Стемфорд Бриџ“.